Кога ќе се спомене Латинска (Јужна) Америка, веројатно помислувате дека знаете многу за неа – за Инките и Андите, за дождовните шуми и фудбалот. Но, постојат и многу други работи за кои можеби не сте слушнале – како на пример дека во Перу живеат околу 3,5 милиони алпаки, или дека веројатно не би вкусиле чоколада, ако не дојдеше од овој континент.
Еве уште неколку импресивни работи за Латинска Америка
1. Најопасниот пат на светот
Патот Јунгаш што се наоѓа североисточно од Ла Паз, главниот град на Боливија, познат уште и како Пат на смртта, се смета за најопасен пат на светот.
2. Најголемиот базен на светот
Во ресортот „Сан Алфонсо дел Мар“ во Алгарабо, Чиле, се наоѓа базен кој е толку голем што на гостите им треба кајак или мал брод за да го поминат. Со должина од 900м и длабочина од 35м, ова е најголемиот базен на светот.
3. Авокадото се јаде веќе 10.000 години
Авокадото можеби изгледа како интересно и ново овошје, но луѓето во Латинска Америка го јадат од многу, многу одамна. Ацтеките го нарекувале дрвото на авокадото „тестис дрво“ (ahuacatl), веројатно затоа што плодовите обично растат во пар. Поради својата груба кора, го нарекуваат уште и „крокодил круша“.
4. Најсушното место на Земјата
Пустината Атакама во Чиле е најсушното место на Земјата. Кога во 1971 г. во пустината заврнало дожд, тоа било големо изненадувње бидејќи такво нешто не се случило четири века претходно.
5. Можете и да скијате
Во Чиле, Аргентина и Боливија, постојат извонредни зимски ресорти. Еден од нив е Вале Невадо во Чиле, што значи дека може да преминете од една крајност – од екстремна суша до снег, без да ја напуштите земјата.
6. Највисокиот водопад на светот
Нијагарините водопади можеби се најспектакуларни, но највисокиот водопад на светот се наоѓа во Венецуела. „Салто дел Ангел“ или Ангелскиот водопад, паѓа – со непрекинат тек, од височина од 979 метри.
7. Може да се бањате во кал, во вулкански кратер
Во „Тотумо Мад Колкано“ (Картагена, Колумбија), може да влезете во кратер и да се избањате во кал што ќе ве окрепи и подмлади. Според една легенда, свештеник го претворил пеколниот оган од вулканот во кал.
8. Танц со (околу) девет шишиња на глава
Танцот на шишето е карактеристичен женски фолклорен танц во Парагвај. Обично таванот го ограничува бројот на шишиња со кои танчерките балансираат на својата глава.