Неколку интересни факти за лажењето

Business fraud

Сите луѓе лажат, секојдневно. Според едно истражување и познаниците и странците се лажат едни со други просечно по три пати во тек на десет минутен разговор. Исто така, заклучокот од неколку други истражувања е дека повеќето луѓе примаат по околу 200 лаги дневно. Тоа се 12 лаги на час.

Само, добрата вест е што тие лаги најчесто не се важни. Еве уште неколку факти за лажењето:

  • Ако устата се смее, а очите се мрштат, тоа е знак на измама.
  • На луѓето им е потешко да ги лажат оние кои им се блиски.
  • „Добрите“ лажговци добро го контролираат говорот, но имаат потешкотии да го контролираат „говорот на телото“.
  • Повеќето социопати и психопати добро функционираат во општеството. Се проценува дека еден од секои 25 луѓе е асоцијална личност, што значи дека веројатно познавате неколку од нив.
  • Во просек и познаниците и оние кои не се познаваат во меѓусебен разговор од 10 минути кажуваат по три лаги.
  • Лагите во човековата интеракција се исто што и бактериите во храната: ги има насекаде, а  ние немаме поим за тоа.
  • Невозможно е да откриете кога психопат лаже, барем не според знаците. Нормалните луѓе покажуваат одредени знаци кога лажат бидејќи имаат совест и се чувствуват непријатно. Психопатите немаат совест, па затоа и воопшто не чувствуваат срам кога лажат.
Поддржете ја нашата работа: