Сончевиот систем е неверојатен простор со различни планети, мистериозни месечини и чудни феномени кои не можеме да ги објасниме нити со најголема имагинација. Ви претставуваме неколку од нив, според „Space.com“.
Уран се „тркала“ низ вселената
Иако на прв поглед изгледа како безлична сина топка во вселената, овој гасен џин всушност претставува многу чуден свет. За разлика од останатите планети Уран ротира околу Сонцето наведнат бочно од причини кои за научниците сѐ уште се недоволно јасни. Едно од најверојатните објаснувања е дека во далечнот минато Уран се судрил со едно огромно, или повеќе помали небски тела, што буквално го фрлиле бочно.
Вулканската активност на Јо
За разлика од нашата релативно неактивна месечина, јупитеровата месечина Јо, има стотици активни вулкани и се смета за геолошки најативна месечина во Сончевиот систем. Причина за вака екстремната вулканска активност е гравитационото влијание од Јупитер, Европа и Ганимед кои постојано ја развлекуваат и притискаат малата месечина.
На Марс се наоѓаат најголемиот кањон и наголемиот вулкан
Иако Марс денес изгледа многу мирно, познато е дека нешто во минатото предизвикувало формирање и ерупција на огромни вулкани. Тука спаѓа и „Olympus Mons“, најголемиот вулкан откриен во Сончевиот систем. Со висина од 25 километри, три пати е поголем од Монт Еверест, највисоката планина на Земјата.
Тука се наоѓа и еден од најголемите кањони во Сончевиот систем наречен „Vallis Marineris“, со должина од 4.000 километри, ширина 200 км и длабочина од 7 км.
Вода има насекаде
Долго се сметало дека водата е ретка појава во вселената и дека нејзината постоење на Земјата е сплет од необични околности. Актуелните истражувања покажаа дека изледа не сме ја барале на вистинските места. Благодарени на сѐ поголемиот број на сонди испратени во вселената, откриено е дека водата – секако во облик на мраз е вообичаена појава. Ја има во кратерите на Меркур, на половите на Марс, па дури и на малите небесни тела, меѓу другите и на јупитеровата месечина Европа, на Сатурновата месечина Енцелад и на џуџестата планета Церера.
Сме ја посетиле секоја планета од Сончевиот систем
Вселенските истражувања започнаа пред повеќе од 60 години и од тогаш длабоко сме навлегле во неистражените пространства. Вселенски сонди ги посетиле сите планети од сончевиот систем, како и џуџестите објекти Плутон и Церера.
Плутон има многу чудна атмосфера
Сондата на НАСА, Нови Хоризонти што прелета покрај Плутон во 2015 година, откри дека овој свет е исклучително диманичен и веројатно геолошки активен. Научниците открија дека атмосферата на Плутон има 20 слоеви кои се поладни и покомпактни од очекуваното. Тони азот секој час од неговата површина бегаат во вселената, но Плутон некако успева постојано да го надокнадува изгубениот азот. Најверојатно, оваа џуџеста планета создава повеќе од овој гас преку геолошката активност.
Прстените се честа појава
Иако прстените на Сатурн се најубави и познати уште од кога е измислен телескопот во 1600-тите, тие не се единствени во нашиот Сончев систем. Јупитер, Уран и Нептун во својот состав исто така имаат прстени, кои сепак се далеку поскромни од тие на Сатурн.
Всушност, прстените не се карактеристика само на планетите. Во 2104 година астрономите открија прстени околу астероидот Харикло, иако е сѐ уште мистерија зошто едно толку мало тело има прстени.
Се смалува Големата црвена пега на Јупитер
Освен што е најголема планета во Сончевиот систем, Јупитер ја има и најголемата бура во својот состав, позната како Големата црвена пега. За неа се знае уште од 17-тиот век, а последните телескопски мерења покажуваат дека таа драстично се намалува. Никој не знае зошто тоа се случила, но и како воопшто настанала.
На работ на нашиот Сончев систем се крие уште една планета
Преку набљудување на небеските тела во орбитите далку позади Нептун, астрономите забележале големи промени во нивното движење. Преку темелни математички пресметки и симулации дошле до заклучок дека таму се наоѓа планета неколку пати поголема од Земјата. Неколку истражувачки тимови сега се по потрага по хипотетичката планета наречена „Планета 9“. Постоењето на вакво големо тело би можело да помогне да се објасни движењето на некои тела во Кајперовиот појас.
Титан има циклус на кружење на течности
Хидролошкиот циклус е појава која е карактеристична за Земјата, тоа е постојан процес на кружење на водата во сите агрегатни состојби помеѓу атмосферата, почвата и морето. Нешто слично се случува и на Титан – најголемата месечина на Сатурн, само што тука не се работи за вода, туку за метан и етан. На Земјата тие постојат во фома на гас, но на Титан е толку студено што тие ја промениле агрегатната состојба и се однесуваат слично како водата на нашата планета.
На Сатурн беснеат хексагонални бури
На северната хемисфера на Сатурн беснеат шестстрани бури, нарачени „хексагони“. Зошто имаат токму вакава форма сѐ уште е мистерија, но познато е дека во некои аспекти се слични со ураганите на Земјата и дека постојат најмалку неколку децении – ако не и столетија.