Необично двоглаво суштество снимено во Аргентина

Една жена од аргентинскиот град Санта Фе во својата сопствена градина налетала на мистериозно суштество со две глави, кое изгледа како змија. Лујан Еролес објавила две снимки на својот фејсбук профил кои се прегледани повеќе од 20 милиони пати. Двоглавото суштество е долго околу 10 см. а кожата му е како на змија.

– Никогаш не сум видела нешто слично, тоа беше баш како змија и очите му беа сосема чудни, вели г-ѓа Eлорес, додавајќи дека суштеството се чинело дека трепка со окото. Лујан одлучила да ги покани своите пријатели, да ги проследат објавите на нејзиниот фејсбук профил. Коментарите се различни …


– Мислам дека ова е деформирано суштество. Оваа планета е толку стара што на секој му пружа шанса да се претвори во нешто друго, напишал еден корисник на фејсбук.
– Можеби тоа е глава на отровна змија, коментира друг корисник.
– Змија со посебни потреби. Подобро за неа е да не се оди во шумата, напишал друг корисник, еден од 7.000 луѓе кои коментираа на објавата на жената од Аргентина.

Ние мислиме дека станува збор за мимикрија, способност на некои видови животни и растенија со изгледот да се прилагодуваат на околината поради заштита од природни непријатели. Многу од луѓето мислат дека се работи за гасеница од пеперутка наречена лилјак од винова лоза (Deilephila elpenor), позната по својот розов гребен. Има две големи ознаки во обликот на окото со чија помош ги лаже грабливците дека е поголема од она што всушност е.

Што мислите вие?

Поддржете ја нашата работа: