Запознајте го најсимпатичното морско суштество

Ова симпатично суштество со светли очи, што изгледа како лик од цртан филм, било забележано од подводниот ровер закачен за истражувачкиот брод „E/V Nautilus“ на брегот на Калифорнија. Забележано е на длабочина од околу 900 метри.

Биолозите го идентификувано како „Rossia pacifica“- еден вид на лигња. Оваа лигња личи и на октопод и на лигња, но всушност е во многу поблиско сродство со сипите.

Тие имаат позаоблено тело од сипите и ја немаат внатрешната цврста структура. Имаа ист број на пипала како сипите – иако осум од нив се со пијавки, а две подолги за фаќање на пленот.

Прекрасната виолетова боја делумно се должи на биолумиисцентните бактерии што се населени на нејзиното тело.

Овие животни поголемиот дел од животот го поминуваат на морскто дно. Кога не сакаат да бидат многу изложени, тие продуцираат еден вид леплива обвивка и се закопуваат во седиментот за да се камуфлираат и само нивните огромни очи „ѕиркаат“ од песокот, во потрага по плен.

Можат да живеат на разни локации и забележени се во подрачјата на Северен Пацифик, од Јапонија, па до Јужна Каифорнија, најчесто на длабочина од околу 300 метри. Истражувачите од „Monterey Bay Aquarium Research Institute (MBARI)“ тврдат дека имаат забележано ваква лигња на длабочина од 1.300 метри.

Истражувачките мисии на „E/V Nautilus“ може да ги следите и во живо преку нивната веб страница.

 

Поддржете ја нашата работа: