Невидливите сигнали околу нас

Навидум празниот простор може да биде преполна крстосница на нематеријални електронски сигнали.

Ова е премисата на „Architecture of Radio“ ,  изложба за визуелизација на податоците што следниот месец ќе биде претставена во ЗКМ Центарот за уметност и медиуми во Карлсруе ,Германија.Овој интерактивен проект е дело на холандскиот уметник Ричард Вијген , кој креирал апликација за  „iPad“ што на корисниците им овозможува да истражуваат т.н. „инфосфера“-  термин со кој се опишува средина , многу слична на „биосферата“ , којашто наместо со биолошки организми е населена со информатички единки.

Интересот на Вијген за овој концепт е поврзан со сигналите кои го поврзуваат и жичниот безжиниот систем.Како што вели тој на својата веб-страна „Ние сме потполно  опкружени од невидливи системи на кабелски податоци и радио сигнали од приклучните точки , базните станици и стелитите.Нашиот дигитален живот е зависен од овие физички системи за комуникација ,набљудување и навигација“.

Апликацијата функционира како еден вид на засилувач што му овозможува на гледачот да го види овој свет.Сепак , за разлика од повеќето слични апликации тука камерата е потполно инертна , целосно заменета со 3Д приказ од електронските сигнали во опкружувањето. Или како што вели Вијген  , апликацијата „ ја визуелизира мрежата од мрежи – ја крие видливата , а ја открива невидливата технолошка позадина , со која секојдневно сме во интеракција преку нашите уреди“.

Ова не претставува само имагинарен ,  уметнички приказ на дигиталниот свет. „Architecture of Radio“ користи „ GPS“ , за да обезбеди  реално време ,визуелизација на  сигналите во непосредната околина , базните станици ,  „Wi-Fi“ рутерите  , па дури и за следење на сателитските сигнали.

Една од специфичностите на оваа апликација , барем за време на изложбата е  тоа што во приказот е вклучена и мрежната инфраструктура што е вградена во изложбениот простор.

Погледнете го видеото за да видите како изгледа пулсирачката и неправилна конвергенција на  сигналите и преносот што овозможува омиленото видео да го добиете на вашиот компјутер.

enauka.mk
9,242наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.