Нов 3Д печатен дисплеј за слепи

СПОДЕЛИ

Слепите лица можат да ги користат компјутерите преку екраните на допир, преку сет од пластични игли сличен на Брајовото писмо за читење на текст или за контрола на оперативниот систем, но тоа не и за визуелизација на мапите, сликите или цртежите.

Ваква алтернатива нуди новиот дизајн на дисплеј од Институтот Хасо Хлатнер во Потсдам, Гераманија, наречен „Лајнспејс“ (Linespace). Тој се состои од глава од 3Д печатач, прицврстен на работна маса, слична на онаа што ја користат архитектите. Главата од печатачот е приклучена на раце и мотори кои овозможуваат брзо да се движи преку масата.

Опремата се активира преку педала, а се контролира со говор и гестови, што им овозможува на корисниците вербално да побараат да се испечатат слики во форма на издигнати пластични линии. Потоа, корисникот може да ги анализира печатените форми со прсти. Корисникот може да побара и дополнителни детали, со посочување на делот од површината каде што сака тие да бидат прикажани, а е потпомогнат од горна камера која ги следи неговите движења.

Направени се и бројни апликации за овој дисплеј, меѓу кои и поедноставена верзија на „Мајкософт Ексел“ за печетење на големи табели и графикони, пакети за внатрешно дизајнирање и играта „Minesweeper“.

Една од апликациите наречена „Homefinder“, им овозможува на корисниците да бараат нов стан на мапата на градот. Тие, со помош на гестови, можат да ја зумираат областа за која се заинтересирани и да добијат чувство за достапност во однос на јавниот превоз, патиштата и продавниците. Ако корисникот сака да внесе нови информации, тоа може да го нацрта со рачно пенкало за 3Д-печатење, а тоа го бележи горната камера.

„Лајнспејс“ бил добро примен од шесте слепи волонтерите кои учествувале во неговото тестирање, меѓу кои имало учител, уметник, програмер и социјален работник, поради можноста тој да се користи за едукација, за изработка на мапи и уметнички дела, како и за споделување на информации и игри.

Комерцијалната верзија на „Лајнспејс“ се очекува да чини помалку од 1.000 американски долари.

„Лајнспејс“ ќе биде презентиран во мај, на конференцијата „CHI 2016“ (computer-human interaction conference), во Сан Хозе, Калифорнија.

Дискусија

Коментари