Нов биосензор за проверка на водата

Можноста загадувањата на водата да бидат откриени без лабораториски тестови ќе овозможи проблемот да се открие пред да има можност да предизвика штети.

Сензорот работи преку техниката што се нарекува импеданса на проточната цитометрија. Течноста се мониторира преку електроди кои носат мулти-фреквентен напон и кога бактериите или честичките ќе ги допрат електродите, се активира импедансата. Бидејќи промената на импедансата за бактерии е различна од другите неоргански честички, сензорот, со висока прецизност, открива дали водата е загадена или не. И што е многу важно, целиот систем многу лесно се одржува.

Сензорите може да се постават на секое место на одредената мрежа и да ги детектираат проблемите во одредена точка во реално време. При тоа не е потребно да се запре потокот на водата за да се земат примероци – целиот процес се одвива во реално време. Овие сензори работат на истиот начин како и паметните сензори во домовите, кои постојано ја мониторираат средината и веднаш алармираат кога нешто не е во ред.

Креаторите на овој систем, кои се дел од тимот на СТБ Аква, работат на понатамошно развивање и тестирање на производот и се надеваат дека ќе биде спремен да се појави на пазарот идната година.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt