Нов вид на бубачка во Африка

„За оние кои не се упатени во ова, новиот вид изгледа како една обична црна бубачка“, вели Дејвид Билтон, биолог и автор на истражувањето. „Она што е интересно кај овој вид е тоа што нема никакви роднини во цела Јужна Африка. Најблиските родини се наоѓаат во Австралија, Нова Гвинеја, и на Медитеранот“.

Бубачката – „Capelatus prykei“ е класифицирана како целосно нов вид на бубачки, а спаѓа во семејството на „Dytiscidae“ – односно водни бубачки. Голема е околу 8-10 мм.- што значи дека е прилично голема во споредба со останатите водни бубачки. Се чини дека преживеала токму во овој регион бидејќи климата во тој дел е релативно стабилна во последните неколку милиони години.

Западниот дел на Кејптаун претставува едно од најголемите жаришта на билошка разновидност во светот. Околу 20% од сите видови на растенија во суб-сахарска Африка се наоѓаат таму. Покрај тоа, овој регион е дом на голем број на ендемски влекачи, водоземци, слатководни риби и инсекти.

Ова истражување сугерира дека меѓу такви изолирани видови, оваа бубачка е загрозена и дека веднаш треба да се преземат мерки за нејзино зачувување.

Истражувањето е објавено во списанието „Systematic Entomology“.

Поддржете ја нашата работа: