Нов вид на мали мајмуни откриен во Перу

  Со тоа,  бројот на  видовите на Tити мајмуни се искачи на 34. Новиот вид, официјално е именуван Callicebus urubambensis . Тој е  различен од  другите локални видови , В. brunneus, поради својата карактеристична црвенкасто-кафеава боја (копер).

Тити мајмуните се најбројна група на мајмуни во  Јужна Америка.  Достигнуваат раст колку домашната мачка, живеат  во  моногамни парови и се прилично територијални.  Возрасните парови формираат блиски емотивни врски: Тие ги координираат своите активности, често се  блиску еден до друг , испреплетувајќи ги опашките  и држејќи се за раце.

Патот до откривањето

Откривањето на овој нов вид започнува со кожата на малиот  црвено-кафеав мајмун  која се наоѓала  во фиока во Природонаучниот музеј во Њујорк речиси еден век.  Незабележана, заборавена и  безимена,   додека еден научник не се заинтересирал.  Јан Вернер одамна се сомневал дека има повеќе од два вида на  Тити мајмуни  идентификувани во џунглите на јужниот дел на Перу.Гледајќи ја кожата, сфатил дека изгледа различно.

Интернетот е полн со фотографии од Tити  мајмуни, често испратени од страна на туристи, кои биле во џунглата и кои сакаат да ги споделат своите искуства со светот“,  објаснува Вермер. Гледајќи ги сликите , тој забележал дека некои преземени од  истиот регион од каде потекнува мистериозната кожа,  исто така имаат црвеникава боја. Тоа било доволна причина да се започне експедиција.

Пет години од  наоѓањете  на кожата во музејот, Вермер и неговиот тим , пристигнале на терен ,  во обид да ги проверат  сомневањата.

Штом  преминавме кон западната страна на реката Урумбамба , ние речиси веднаш  го забележавме новиот  вид на Tити мајмун“, вели Вермер.

Ретко се откриваат нови видови на примати, но она што е уште повеќе изненадувачки  е дека новиот вид  добро се грижи за себе  и е прилично распространет  низ 350-километри долгата  шума.  Досега, за жал, кога ќе се откријат многу нови видови, тие се често опасно блиску до истребување.

Истражувачите сметаат дека неговата мала големина  всушност е благослов.  Бидејќи живее во регион со поголеми примати, претежно е игнориран  од страна на ловците. Тие се надеваат дека ова откритие ќе помогне во разјаснувањето на еволуцијата на  Тити  мајмуните, а со оглед дека само пред неколку децении имало само пет видови  на Тити мајмуни опишани во науката, веројатно  постојат и други  кои живеат во уште повеќе оддалечени краишта на прашумата .

Поддржете ја нашата работа: