Нов вид на мравка откриен во стомакот на жаба

Научниците што работеле на територијата на Еквадор откриле нов вид на мравка, во многу необично место – во повраќаниците на една светло портокалова жаба, позната како „жаба ѓавол“

Мравката, за која засега малку се знае, има издолжена глава и е именувана како „Lenomyrmex hoelldobleri“, во чест на германскиот биолог и експерт за мравки Берт Холдоблер.

Иако изгледа чудно, практиката да се вадат мравки од повраќаниците од жаби е добро воспоставена практика и може многу да открие за одредената жаба и општо за нејзината животна средина.

За да дојдат до содржината на стомакот на жабата, истражувачите полека го полнат нејзиниот стомак со вода додека не поврати. После тоа, жабата повторно се враќа назад во дивината.

Бидејќи многу видови водоземци се наоѓаат на листата на загрозени видови, ваквите истражувања секогаш ги вршат експерти кои работат во строго одредени граници. Но, резултатите од ваквите необични постапки можат да бидат многу вредни за биолозите, што се потврдува и со овој нов вид на мравка.

frog-ant-2

Покрај тоа  можно е оваа досега невидена мравка да не е единствена. Истражувачите велат дека има уште неидентификувани инсекти кои се најдени во стомачната содржината на жабата. Досега биле забележени 45 видови мравки и девет видиви на грини во повраќаниците. Отровните видови, како што е и ѓаволската жаба, ги користат органските состојки што се наоѓаат во инсектите за да ги продуцираат сопствените отрови.

Ова не е прв пат нов вид да биде откриен во внатрешноста на стомакот на друго животно.

Како што пишува „National Geographic“ змијата „Geophis dunni“  за прв пат била откриена во стомакот на друга змија во 1932 година.

Бидејќи мравката најдена во стомакот на жабата е мртва, натамошното истражување на оваа мравка може да претставува огромен предизвик за научниците, бидејќи ќе биде многу тешко да се најде жив примерок.

Наодите се објавени во „ZooKeys“.

Поддржете ја нашата работа: