Нова фотографија која ни ги покажува Земјата и Месечината гледани од Марс

Оваа нова неверојатна слика од НАСА, направена од страна на „Mars Reconnaissance Orbiter“, не само што ја покажува нашата планета во континентални детали од Марс, туку исто така ја покажува и релативната големина на нашиот мал сателит, Месечината.

Глетката е толку чиста, што може да се видат континентите на Земјата. Австралија е видлива како црвеникаво топче во центарот, Југоисточна Азија е во горниот лев агол, светлата точка на дното е Антарктикот, а другите бели дамки се облаци.

Сликата во целост може да ја погледнете подолу, а верзијата со висока резолуција на следниов линк.

pia21260-16

Поддржете ја нашата работа: