Нова генерација паметни завои

Истражувачите од САД создадоa нов леплив растеглив материјал од хидрогел кој може да се користи како „паметен завој“. Велиме паметен бидејќи со додавање на температурни сензори и резервоари на лекови, научниците овозможиле овој завој да го ослободува лекот според промената на температурата на кожата. Покрај тоа, вградиле и светлечки диоди (LED) кои светат кога лекот е речиси потрошен.

„Ако сакате да ставите електронски уреди во близок контакт со човечкото тело за медицински примени, односно мониторирање на здравјето и испорака на лекови, пожелно е да ги направите меки и растегливи за да се вклопат со средината на телото. Тоа ни беше мотивацијата за растегливи електронски уреди од хидрогел“, објаснува Хуанхе Жао, медицински инженер од МИТ.

MIT-Stretchy-1_0

За разлика од конвенционалните завои, хидрогелот кај овој завој овозможува лесно да се примени на секој дел од телото, вклучувајќи ги зглобовите, лактите и колената. Истражувачите велат дека завојот може да достави различни лекови до различни сегменти на кожата, во однос на нивната температура, при што лекот тече низ цевки или дупки кои се направени во гелот.

Ова е ефикасен начин за третман на изгореници или други заболувања на кожата, но според истражувачите не е ограничен само на надворешна употреба и теоретски би можел да се користи и внатрешно, како на пример за вградување на сензори за глукоза или нервни сонди.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.