Нова и евтина инстант камера


Секако, не очекувајте фотографии на ниво на професионалните апарати. Идејата е да имате веднаш достапни испечатени слики. И сето тоа да биде забавно. Сензорот има 10 мегапиксели, што е и повеќе од доволно за големината на фотографиите кои ги печати апаратот (2х3 инчи).

Однадвор, изработката е целосно пластична и реално изгледа како камера – играчка, но таквите апарати беа прилично успешни во 80’ и 90’ години од минатиот век, кога фотографијата доживеа голема експанзија. А овој „Polaroid“ сака да ја врати токму таа забава и уживање во фотографирањето. За зависниците од социјалните мрежи, без грижа, фотографиите ќе ги имате и во дигитален формат и истите ќе можат да се зачуваат на micro SD картичка со меморија од 32 гига. Дури и се вградени неколку филтри за да им дадете малку повеќе шарм на вашите фотографии. И има опција за селфи. Фотографиите се печатат без мастило. Само ќе би треба Zink хартија од „Polaroid“.

Камерата е претставена на ИФА конференцијата, а се очекува на пазарот кон крајот на годината.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt