Нова приказна за пораѓањето на Мезосаурусот


Палеонтолозите сега сметаат дека Мезосаурусот, кој можел да порасне до 15 метри, ги раѓал своите млади во океанот, а не на или во близина на бреговите, и дека новородените мезосауруси не живееле во близина на брегот. Тие дошле до овој заклучок по анализирањето на неодамна идентификуваните примероци од музејот на природна историја при Универзитетот Јеил, кои биле дел од колекцијата повеќе од 100 години, но се сметало дека припаѓаат на антички морски птици.

Овие наоди овозможуваат одговор на долгогодишните прашања за првичната средина на иконските предатори кои живееле за времето на диносаурусите. Мезосаурусите го населувале најголемиот дел од водените површини на Земјата, пред нивното истребување пред 65 милиони години.

„Мезосаурусите се меѓу најпроучуваните групи на мезозојски ’рбетници, но досега не беа јасни доказите за тоа како тие раѓаат“, вели Даниел Филд, главен автор на истражувањето.

Во своето истражување, Филд и колегите го опишуваат примерокот на најмладиот мезосаур којшто некогаш бил пронајден. Примерокот имал карактеристики на вилицата и забите кои се среќаваат само кај мезосаурусите. Исто така, фосилите биле пронајдени во депозитите на океанот.

Истражувањето е објавено во „Palaeontology“.

Поддржете ја нашата работа: