Нова технологија што и не е така нова: Автономен автомобил

Но, не се баш така нови. Овој концепт можно е да потекнува уште од времето на Леонардо да Винчи, но во многу поново време, во 1958 година, „Џенерал Моторс“ изработи возило што го прилагодува својот волан брз основа на наизменични струи кои се пренесуваат преку жици вградени во патот. Иако овој автомобил можел навистина сам да вози, сепак не може да влезе во оваа категорија, бидејќи неговото движење зависи од жици поставени во земја.

Првото самодвижечко возило во светот било изработено од С. Цугава и неговите соработници во Лабораторијата за машинско инжинерство во Цукуба, Јапонија. Сепак за пионер во оваа област се смета германскиот инжинер Ернст Дикинсон. Тој во 1987 година го создал „VaMoRs“, кој можел да помине околу 20 километри со брзина поголема од 90 километри на час.
Седум години подоцна, тој го направил „VaMP“, возило што може да ги препознае сообраќајните знаци, да ја знае својата позиција во коловозната лента, да ги детектира другите возила, па дури и да знае каде да премине во друга лента. Една година потоа, тој и неговите колеги направиле уште едно вакво возило што самостојно патувало од Германија до Данска. Возилото можело да достигне максимална брзина од 180 км/ч и само во 5% од патот било контролирано од луѓе.


Поддржете ја нашата работа: