Нова технологија за поефикасни соларни панели

Нивниот изум ја намалува топлината што ја создава соларната ќелија кога е изложена на сончева светлина, и ја лади на начин што и овозможува да конвертира повеќе фотони во електрична енергија. Нивната работа е опишана во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Тројцата инженери го тестирале својот изум на покривот на Стенфорд, притоа решавајќи еден од најголемите проблеми на соларната индустрија – колку повеќе се загреваат соларните ќелии, толку помалку се ефикасни во процесот на конвертирање на фотоните во електрична енергија.

Нивниот изум се состои од тенок материјал од силициум диоксид поставен врз традиционалните соларни ќелии. Материјалот ја пропушта сончевата светлина која ги напојува ќелиите, но ја заробува и испушта топлината од инфрацрвените зраци, со што ја подобрува нивната ефикасност.

Истражувачите велат дека има голем потенцијал да се употребува кај било кој надворешен уред или систем кој треба да се олади, а бара зачувување на видливиот спектар на сончевата светлина, од било практични или естетски причини.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.