Новата играчка на Пентагон (ВИДЕО)

Од новиот проект на Агенцијата за напредна технологија при Министерството за одбрана на САД или „DARPA“ (Defense Advanced Research Projects Agency), би можело да се роди навистина извонредена машина.

Изработката на новото летало и е доверено на компанијата „Aurora Flight Sciences“.

За да го добие договорот за изградба на „VTOL“ (vertical take-off and landing), компанијата морала да исполни голем број ригорозни барања поставени од страна на „DARPA“. Посебно се издвојуваат техничките перформанси на леталото, како максималната брзина која мора да се движи во опсег од 560 до 740 км/ч, но и максималната носивост која мора да изнесува 40% од вкупната маса на леталото, кое се очекува да тежи 4.500 кг.

VTOL-X-Plane-DarpaСрцето на леталото, кое ќе го носи мето „X-Plane“, ќе биде мотор на Ролс Ројс со јачина од 4.000 коњски сили, кој ќе произведува 3 мегавати енергија за напојување на  24-те пропелери вградени во крилата на леталото. Благодарение на овие пропелери, „X-Plane“ би требало вертикално да полетува и слетува без поголеми проблеми, со релативно едноставно преминување од лебдечки во летечки начин на работа.

„DARPA“ се надева дека новиот тип на „VTOL“ ќе ги надмине  леталата кои моментално се во употреба, како што е на пример „Bell Boeing V-22 Osprey“.

Во очекување на првиот лет на новото летало на „DARPA“, погледнете ја извонредната компјутерска симулација на неговите пеформанси.

Поддржете ја нашата работа: