Нови наоди за ефектите од видео игрите

Последните истражувања покажаа дека луѓето кои користат стратегии за навигација базирани на опашкастото јадро имаат намалена сива материја и пониски оперативни активности во хипокампусот.

Глобално, гејмерите поминуваат три милијарди часа неделно пред нивните екрани. Всушност, се проценува дека просечниот млад човек ќе потроши околу 10.000 часа за игри, до 21 година. Ние сме едвај на почетокот во разбирањето на ефектите од видео игрите.

Зошто е важно?

Истражувањето е спроведено помеѓу група на возрасни гејмери, кои трошат најмалку шест часа неделно на оваа активност.

„За повеќе од една деценија, истражувањата покажаа дека играчите на акциони видео игри имаат подобри визуелни способности и внимание, а нашите наоди уште еднаш ја потврдија оваа идеја”, вели водечкиот  автор д-р Григориј Вест од универзитетот во Монтреал. Меѓутоа, гејмерите се потпираат на опашестото јадро во повисок степен од не-гејмерите. Ова значи дека луѓето кои поминуваат многу време играјќи видео игри може да го намалат интегритетот на хипокампусот, водејќи кон зголемен ризик од невролошки нарушувања, како што е Алцхајмеровата болест.

Потребно е да се истражи негативниот ефект на гејмањето врз хипокампусот. Идните истражувања со користење на невровизуелизација ќе се фокусираат на квалификување на сегашните наоди и ефектите од одредени видео игри на интегритетот на системот на наградување и хипокампусот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt