И официјално виралната апликацја Покемон-Го ги „зарази“ сите – може да се видат сѐ повеќе луѓе од различни возрасти како шетаат (во потрага по покемони), а и се повеќе различни повреди, од кога било порано.
Прашањето е што ја прави играта Покемон-Го толку успешна? Како реагираат корисниците, најдобро може да се разбере преку скенирање на нивниот мозок. Во видеото се прикажани резултатите од скенирањето на мозокот кои овозможуват да се разбере како луѓето реагираат на Покемон-Го и каков е одговорот во различни фази од играта.
Видеото зборува само за себе, но еве неколку карактеристики:
Додека е во потрага по покемони, когнитивното внимание кај корисникот расте. При откривањето на покемон, расте мотивацијата. Фаќањето на покемонот и очекувањето на резултатите, ги зголемува очекувањата. Откривањето и фаќањето на посакуваниот покемон ја зголемува мотивацијата. Ако фаќањето не успее, мотивацијата се намалува. Планирањето и изведувањето на борбите ги зголемува и мотивацијата и когнитивното внимание. Губењето на борбата ја „убива“ и мотивацијата. Можноста за победа ја подига мотивацијата.