По лансирањето, ракетата „Фалкон 9“ безбедно слета на брод во Атланскиот Океан.
„DSCOVR“ беше лансирана во орбита оддалечена околу 1, 1 милиони километри од Земјата и ќе ги помине следните 110 дена обидувајќи се да ја достигне својата дестинација – друга орбита оддалечена околу 1,5 милиони километри. Нејзината цел е да достигне Ланграж точка 1, каде што гравитацијата на Земјата ќе и овозможи да се движи доволно бавно за да ги снима и Сонцето и Земјата.
Главна цел е да го набљудува Сонцето и да известува за потенцијални опасни геомагнетни бури кои би можеле да предизвикаат пречки во струјните мрежи и навигациски системи. Покрај тоа, сателитот има и камера која ќе биде насочена кон осветлената страна на Земјата и ќе ја слика на секои 2 часа.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.