Ново селфи од Марс

Всушност, сликата е составена од 92 слики од низок агол, направени на 5 август. Роверот се наоѓа на рид во областа „Marias Pass“, на понискиот дел од планината Шарп (Mount Sharp).

Бидејќи сликата е составена од повеќе делови, се гледа само еден дел од раката на роботот, но може да се види нејзината сенка. А ако погледнете навистина внимателно, во шемата на дупчење ќе забележите смајли.

 


НАСА исто така објави стереографска проекција, во која хоризонтот е претворен во круг и изгледа како роверот да седи на врвот на планета.


НАСА изјави дека ова место е избрано за дупчење бидејќи карпите содржат невообичаено високо ниво на силициум диоксид и водород, а водородот е знак за вода врзана со минерали во земјата. Внатрешната лабораторија на „Curiosity“ во моментов ги анализира собраните примероци.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt