„Nikon“ ги објави победниците од својот годишен натпревар на фотомикрографија (Small World Photomicrography competition) и како што може да забележите фотографиите се навистина извонредни и покажуваат дека не значи дека поголемото е секогаш подобро.
Натпреварот се одржува веќе 42 години по ред, а оваа година учествуваа повеќе од 2000 луѓе од 70 земји.
За оние на кои не им е познато, фотомикрографија е практика на фотографирање преку микроскоп или сличен уред за зголемување, со цел да се фотографираат неверојатните детали на нештата кои се невидливи за човечкото око. Овие фотографии навистина ни покажуваат еден сосема нов поглед на светот.
Издвојуваме неколку од најдобрите, а останатите може да ги погледнете на официјалната веб страница на „Nikon Small World“.