Од изметoт на кравите до електрична енергија

Оваа семејна фарма, од Плимут во Индијана, САД, инвестирaла во систем кој го трансформира изметот од кравите и останатиот отпад во електрична енергија. Енергијата што ја произведуваат е доволна за потребите на 1.000 домови, услуга за која плаќа локалното јавно претпријатие.

Но, тоа не единствениот бенефит. Вообичаено сточните фармери го складираат отпадот од фармите во отворени лагуни, а реата што се шири од нив претставува проблем за соседството. Овие лагуни имаат и големо влијание врз животната средина, бидејќи испуштаат метан и јаглероден диоксид кои се главните причинители на климатските промени, а можат да ги загадат и подземните води доколку се излеат за време на обилните дождови.

 

Со поставување на анаеробни дигестори, што всушност претставуваат големи бараки кои ја користат топлината за да го забрзаат распаѓањето, во исто време се собираат и реата и стакленичките гасови.

Овие дигестори, исто така подобро го претвораат изметот во ѓубриво за посевите од фармата. Откако ќе се екстрахира течното ѓубриво богато со хранливи материи, тоа што останува се користи како мека подлога за лежиштата на кравите.

Агенцијата за заштита на животната средина во САД проценила дека повеќе од три милиони тони стакленички гасови се елиминирани од Хомстед и од 246 други сточни фарми во САД кои инсталирале системи за трансформација на биогасовите. Тоа е еднакво како од улиците да се тргнат повеќе од 630.000 возила.

Во САД има околу 8.000 сточни и свињарски фарми кои се довoлно големи за да можат овие системи да бидат одржливи. Проценките на Агенцијата за животна средина се дека тие би можеле да генерираат електрична енергја за напојување на еден милион домови и да се намали емисијата на гасови во количина еднаква како кога од улиците би се тргнале скоро четири милиони автомобили.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.