Од што се плашиме? Ова се десетте најчести фобии

Стравот е една од човечките емоции. Вткаен е во нашиот нервен систем и е одговорен за превентивно дејствување доколку се наоѓаме во опасност. Тој внимава на необична ситуација и не подготвува да се соочиме со неа.

Како и секоја друга емоција, стравот може да биде незабележлив, умерен или пак интензивен, зависно од ситуацијата и личноста која го доживува. Како таков, стравот е нормална реакција на телото кон надворешна закана. Но, некои стравови ја преминуваат границата и стануваат пречка. Таквите стравувања се нарекуваат фобии – претерана, непропорционална реакција на сосема одредена работа или појава. Некои од најчестите фобии се сосема обични, на безопасни работи додека другите се условени од еволуцијата. Еве ги најчестите:

10. Посета на заболекар:

Ретко кој е смирен кога мора да оди на стоматолог, дури и ако се работи само за редовен преглед. Голем број на фактори влијаат на оваа фобија: страв од инјекции, чувството на беспомошност додека седат на стоматолошкиот стол или лошите искуства од детството.

9. Кучиња

Иако кучињата се најчести домашни миленици, и се сметаат за човеков најдобар пријател, постојат луѓе кои не ја поднесуваат нивната близина. Причината за оваа фобија се крие воглавно во лошото искуство, на пример лицето кое се плаши, најверојатно се стекнало со гризаница од куче во раното детство или пак сведочело на таква ситуација.

8. Летање со авион

Летањето е неприродно. Човекот еволуирал на Земјата и се друго освен одење по неа е неприродно за нас. Затоа, секој кој прв пат лета со авион, во најмала рака чувствува непријатност, која може да се претвори во вистинска фобија. Причините за оваа фобија се најчесто страв од паѓање на авионот или клаустрофобија поради затворен простор во внатрешноста на авионот.

7. Молња и громови

Звукот на гром или блесок на молња во некои луѓе будат претеран страв, кој се манифестира преку брзо отчукување на срцето и влажни дланки. Некои одат така далеку, што се сокриваат со цел да не бидат изложени на звучните и визуелни ефекти од оваа појава.

6. Мрак

Еден од вродените стравови е стравот од непознатото, а ситуацијата во која не можеме да ја видиме нашата најблиска околина, се сместува точно во оваа категорија. Оваа фобија најчесто се случува кај децата и воглавно исчезнува со текот на времето, но неретко се случува да остане и на поодмината возраст.

5. Височина

Стравот од височина е прилично честа појава. Проценките велат дека речиси 10% од луѓето страдаат од оваа фобија. Најчести причини за овој ирационален страв се трауми од детството.

4. Непознати лица

Изразената непријатност во ситуација на контакт со други луѓе, како потење и гадење е токму тоа-фобија од непознати лица. Се јавува во периодот на адолесценција и е почеста кај жените отколку кај мажите. Лицето кое има ваква фобија чувствува јака нервоза и присуство на повеќе луѓе, освен членови на најблиското семејство.

3. Непознат простор

Фобијата од непознат простор подразбира интензивен страв и непријатност на места или во ситуации каде што сметаме дека евентуалното бегство е невозможно. Таквите места се всушност сосема вообичаени: се работи за силен изразен страв од лифтови, мостови, јавен превоз и слично. Во екстремни случаеви, таквото лице одбива одење на такви места, бидејќи тоа значи напуштање на сигурноста.

2. Пајаци

Иако ова е многу корисно животно кое се храни со муви и комарци, и на тој начин всушност му помага на човекот, голем е бројот на луѓе кои се плашат од таквото малечко суштество. Жените често имаат фобија од пајаци отколку мажите, што се смета за еволутивно наследно.

1. Змии

За најчест страв се смета стравот од змии. Стравот во текот на еволуцијата е вкоренет во човечката потсвест, бидејќи тоа гарантира опстанок на единката која прва ќе ја воочи ползечката опасност. Таквата единка повеќе би имала шанси за полагање на своите гени. Овој вид на страв е речиси универзален кај сите луѓе, иако ретко кој се соочува често со нив.

Поддржете ја нашата работа: