Осамената галаксија „NGC 6503“

„NGC 6503“ е оддалечена само околу 18 милиони светлосни години од нас, во соѕвездието „Змеј“ со што всушност претставува еден од нашите најблиски соседи од нашата локална група. Поради нејзината осамена локација, Стивен Џејмс Омеара во својата книга „Скриени богатства“ од 2007 година,  ја нарекува „галаксијата изгубена во вселената“.

Но, покрај поетска инспирација, оваа галаксија е и предмет на тековни истражувања. Научниците, со помош на телескопот „Хабл“, истражуваат примероци од блиските галаксии, вклучувајќи ја и оваа, за да ја проучат нивната форма, внатрешна структура, како и својствата и однесувањето на нивните ѕвезди.

Претходната слика од оваа галаксија е направена во 2010 година, но оваа нова слика ја покажува „NGC 6503“ со извонредни детали и побогат сет на бои.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.