Осум гени – еден гениј

Овие резултати се меѓу првите објавени од соработката „ENIGMA“ (Enhancing Neuro Imaging Genetics through Meta-Analysis), во која учествуваат околу 300 научници од 33 земји.  Анализирани се скеновите на повеќе од 30.000 луѓе, заедно со генетските и други информации.

За анализите, Пол Томпсон, невролог на Универзитетот во Јужна Калифорнија, и неговите колеги барале промени на нуклеотидната база во ДНК кои одговараат на големината на клучните региони во мозокот. Еден регион, хипокампусот,  е одговорен за складирање на спомени и помнење. Друг, наречен опашкасто јадро, е задолжен за возење велосипед, свирење на инструмент, возење автомобил без да се размислува за тоа. И третиот е путаменот, кој е вклучен во трчање, одење и движење на телото, како и во мотивацијата. Истражувачите не го испитувале неокортексот, делот од мозокот кој ни помага да размислуваме и пропорционално е многу поголем кај луѓето во однос на другите животни. Неокортексот има пукнатини на површината кои изгледаат толку различни од една до друга личност, што навистина ги отежнува лабораториските мерења.

Постои силна врска меѓу големината на многу од овие делови на мозокот и целокупните когнитивни способности, вели Томпсон. Подобро е да се има повеќе мозочно ткиво. Одредени болести, како на пр. Алцхајмеровата, го оштетуваат  хипокампусот, додека Паркинсоновата болест, на пример, го оштетува путаменот.

Тимот открил  осум  гени  кои може  го намалат мозочно ткиво за  околу 1,5%, во зависност од тоа дали се наследни. Некои од разликите се варијации во генот, додека другите се во близина на клучните гени.

Највлијателниот ген, „KTN1“,  им кажува на мозочните клетки каде да одат во путаменот. Две дополнителни варијанти во путаменот се поврзани со гени кои можат да предизвикаат рак на дебелото црево или проблеми со имунолошкиот систем и  регулираат голем број на  клетки во тој регион од мозокот. Останатите пет гени регулираат различни нешта, вклучувајќи и запирање на клеточната смрт, природен процес кој може да предизвика одредени региони во мозокот да се намалат.

Многу од осумте гени се активни во текот на развојот на мозокот и може да играат улога во невропсихијатриските заболувања како што се аутизам и шизофренија. Добро е да се знае дека овие структури имаат генетски варијации.

Поддржете ја нашата работа: