Откриен мистериозен светлечки црв

Овие чудни светлечки црви, за кои се смета дека се ларви на непознат вид на инсекти, можат да ја користат својата фосфоресцентност за да ги намамат мравките и мувите во својата уста. Нивната големина изнесува околу 1,2 см. и светат зелено во темница. Ентомолозите сметаат дека се ларви на непознат вид на клик бубачки.

Клик бубачките, кои припаѓаат на фамилијата „Елантериди“ (Elateridae), користат брз скок или „клик“ движење за да избегаат од напаѓачите. Возрасните бубачки можат да се хранат со нектар од цветовите, додека ларвите се најверојатно грабливци. Постојат повеќе од 10 000 видови клик бубачки од кои околу 200 се биолуминисценти, што значи дека испуштаат светлина. Овие чудни суштества можно е да се роднини на бразилските огнени бубачки и да припаѓаат на групата  наречени „Пирофорини“ (Pyrophorini)

Бразилските огнени бубачки се закопуваат во куповите од термити создавајќи светлечките кули. Иако се’ уште не е јасно како овие ново откриени инсекти продуцираат светлина, инсектите слични на нив користат класа молекули познати како луциферини (анг. luciferins)  што им овозможува да ја испуштаат својата морничава жолта светлина. Пирофорините обично  задржуваат константна светлината преку цела ноќ и можат дури и да светат појако ако некој грбливец ги допре, вели Арон Померанц, ентомолог во експедицијата во дождовните шуми во Перу.

Зошто светат?

Биолуминисцентните животни обично светат или за да привлечат плен или да ги предупредат  грабливците дека содржат некоја опасна хемикалија. Но понекогаш светкањето има и друга цел. На пример, трепкањето кај  светулките, во суштина е сигнал за повикување на потенцијалните партнери, вели Померанц.

Ларвите од клик бубачките се чини дека светат за да привлечат плен. Во моментов тимот не е сигурен дали се работи за потполно нов вид или за нов подвид на  веќе познат вид ларви , но истражувачите веќе контактираат со бразилски експерти, заклучува Померанц.
   

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: