Комплетните резултати и карактеристики на овие полжави се објавени во стручно списание и сите оние кои се заинтересирани за подетално да се запознаат со овие чуда на природата може да ја погледнат целата студија на следниот линк.
За другите, на кратко ќе кажеме дека овие полжави се нарекуваат и микрополжави бидејќи нивната големина им е помала од 5 мм.
Најмалите примероци што се набљудувани од страна на научниците се со димензии помали од 1мм (околу 0,83 х 0,45 мм.) за возрасен полжав.
Овие видови на полжави се многу интересни за науката бидејќи тие се толку мали, а сепак сложени организми со повеќе функционални органи и системи.
Овие полжави се најмалите полжави досега откриени, што живеат на копно, додека нивни слични роднини што живеат во морињата се „Ammonicera minortalis“ кои се се’ уште најмалите со големина од 0,32 до 0,46 мм.