Откриен нов вид на диносаурус

Овој диносаурус наречен „Ugrunaaluk kuukpikensis“, можел да порасне до 9 метри во должина и имал уста исполнета со стотици заби, со коишто успевал да ја џвака грубата  вегетација, велат истражувачите од Универзитетот на Алјаска.

Коските биле откриени по должината на реката Колдвил на Алјаска. Диносаурусот претставува посебен вид на хадросаурид, кој живеел пред 69 милиони години, на температури многу пониски од тие во кои живееле нивните роднини хадросауриди откриени во Канада и други појужни држави.

Коските на овој диносаурус всушност биле откриени неколку децении порано, но биле погрешно класифицирани.  

 

Следниот чекор на истражувачите е да ја решат мистеријата како овие диносауруси успеале да преживуваат во тие услови. Истражувачите велат дека температурите во тоа време на Алјаска не биле толку ниски како денешните и се движеле до 9 степени Целзиусови, но сепак диносурусите морале да ги издржат долгите темни зими со снег и малку храна.

Наодите беа објавени во списанието за палеонтологија „Acta Palaeontologica Polonica“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt