Откриен нов вид на пајак кој може да плива

Во Квинсленд, Австралија, е откриен нов вид на пајак кој може да плива и да лови риби.

Пајакот е наречен „Dolomedes briangreenei“, по физичарот и ко-основач на „World Science Festival“ Брајан Грин, професор по физика и матеметика на Универзитетот Колумбија.

Пајакот е со големина на дланка и ги користи вибрациите или брановите од водата за да се движи и да го лови пленот. Тој  се храни со риби, жаби, полноглавци, со што придонесува за отстранување на штетниците во средината.

Dolomedes_briangreenei_2Овие пајаци се исто така добри пливачи и обично се наоѓаат покрај базените и карпите. Може да се видат и како „веслаат“  на површината со двата пара средни нозе.

Ако се почувствуват загрозени може да се нурнат под површината на водата и брзо да отпливаат и да се скријат на дното.

Статијата е објавена во  „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: