Според новото истражување на една меѓународна група на научници, раните предци на луѓето во Африка се вкрстувале со Неандерталците пред околу 110 илјади години. Истражувачите откриле дека тоа генетско мешање оставило свој белег во ДНК-та на сибирскиот Неандерталец.
Истражувачите пронашле коска од прст на ногата на 50 илјади стара сибирска ненадерталска жена, во истата пештера на Алтајските Планини каде што се пронајдени и други фосили на изумрени човечки роднини, кои обезбедиле некои од најдобро сочуваните примероци на неандерталска ДНК.
По анализите, истражувачите откриле дека околу 1 до 7,1 процент од ДНК-та на неандерталската жена содржеле траги од човечка ДНК.
Додека голем број од луѓето денес носат делчиња од неандерталска ДНК, сега за прв пат е откриена човечка ДНК во гени на Неандерталец.
Доколку ова истражување е точно, тоа значи дека односот меѓу луѓето и Неандерталците започнал многу порано и е многу покомплициран отколку што начниците мислеа (дека раните луѓе и Неандерталците се пареле пред околу 47 до 65 илјади години).
Овие нови откритија укажуваат на тоа дека ДНК-та патувала и во двете насоки па научниците се збунети зошто досега не биле пронајдени докази за човечка ДНК во неандерталскиот геном. Тие не знаат дали тоа се должи на биолошки или културни практики – односно избегнување на хибридни деца или едноставно на недостиг на докази, со оглед на тоа дека е достапна ДНК од многу малку Неандерталци.