Откриена џиновска стапалка од предисториски ѕвер

Заеднички јапонски и монголски тим од научници открија досега најголем отисок од  стапало од диносаурус, во монголската пустина Гоби.

Според „AFP“, џиновската стапалка е долга 106 см. и широка 77 см. Истражувачите сметаат дека му припаѓала на диносаурус од групата титаносаури – џиновски тревојади со долг врат. Според истражувачите,  животното веројатно било долго повеќе од 30 метри и високо над 20 метри.

Отисокот бил откриен во август, во геолошки слој стар помеѓу 70 и 90 милиони години, од страна на истражувачите од Универзитетот за науки Окајама и Монголската академија за науки.

Истражувачите се во потрага и по остатоците од диносаурусот во областа,  вели Шинобу Ишигаки, професор по палеонтологија на Универзитетот Окајама, за „Japan Times“.

Сликата на која се гледа Ишигаки легнат до отисокот покажува дека тој е поголем од половина од неговата големина.

Ова откритие ќе им помогне на истражувачите да сфатат како оделе титаносурите.

Поддржете ја нашата работа: