Откриена мистериозна река што врие

Со векови, локалните жители на Перу зборуваат за река во Амазон што е толку многу жешка што може да ве убие. Според легендата, шпанските освојувачи ги пребарувале дождовните шуми барајќи злато, и неколкумина од нив се вратиле раскажувајќи приказни за отруена вода, човек што јаде змии и река што врие.

Овој мит отсекогаш го фасцинирал Андрес Рузо, научник од Перу која ја проучува земјата. Откако го завршил својот докторат на тема потенцијалот на геотермалната енергија во Перу, почнал да се прашува дали навистина може да постои ваква река.

Според експертите со кои зборувал, вакви жешки реки се обично поврзани со вулкани, а со оглед на тоа што во тој дел од земјата нема вулкани, значи дека нема ни таква река.

Но, кога Рузо си отишол дома и ја прашал својата мајка од каде потекнува митот, таа му кажала дека не само што постои реката, туку дека таа и неговата тетка пливале во неа.

Така, во 2011 година, Рузо пешачел во дождовните шуми на Амазон и со свои очи ја видел толку озборуваната река.

„Кога ја видов, веднаш го грабнав термометарот“, изјави Рузо за „TED“ подоцна во 2014 година. „Просечната температура беше 86 степени Целзиусови, не баш доволно за да врие, но блиску до тоа. Ова не е легенда“.

https://www.youtube.com/watch?v=YoAxDUdgLdU

Најзбунувачка била нејзината големина. Постојат и други топли извори и базени во други делови од светот кои ги достигнуваат овие температури, но никој од нив не е ни приближно голем колку оваа река. Таа е 25 метри широка, 6 метри длабока и тече со неверојатни 6,24 километри.

Покрај тоа, се наоѓа на 700 километри од најблискиот вулкански систем, па дури и температурата нема никаква смисла. Ова е единствената река од ваков вид во светот.

Рузо ги поминал последниве 5 години проучувајќи ја реката, нејзината околен екосистем и нејзината вода во лабораторија, со надеж дека ќе открие што се случува.

Да разјасниме, Рузо не е првиот којшто ја открил реката и со оглед на нејзиното име „Shanay-timpishka“ кое потекнува од домородното население и значи „врие со топлината на Сонцето“, очигледно не е ни првиот кој се прашувал зошто е толку жешка.

14-sampling-is-not-easy-3405

Според истражувањата на Рузо, водата не врие поради Сонцето, туку поради подземни топли извори. Топлите подземни води се како артерии на Земјата, и кога ќе дојдат до површината, можеме да видиме некакви геотермални манифестации – како што е во случајов оваа река што врие.

Хемиските анализи покажале дека водата во реката првично паднала како дожд. Затоа, Рузо смета дека ова се случувало многу далеку нагоре, можеби дури и на Андите, па во текот на своето патување се впива во Земјата каде што се загрева од геотермалната енергија на Земјата и евентуално повторно избива на површината во Амазон, односно во оваа река што врие. Ова значи дека овој систем е дел од огромен хидротермален систем каков што досега не е забележан никаде на светот.

За да бидат работите уште повозбудливи, Рузо соработувал со биолозите Спенсер Велс и Џонатан Ајсен за да ги секвенционираат геномите на микробите кои живеат во и околу реката, и откриле сосема нови видови кои можат да ја преживеат топлината.

Но, колку што оваа река е фасцинатна, толку може да биде и смртоносна. Рузо редовно сведочел животни кои паѓаат во водата, не можат повеќе да пливаат и полека почнуваат да се варат до смрт.

Сепак, некои луѓе пливаат во неа, но само по обилни дождови откако ќе се разлади. Покрај тоа, некои ја користат оваа вода за готвење или за правење чај.

Рузо ќе продолжи да ја истражува реката и нејзиниот извор, но неговиот главен фокус во моментов е заштитата на реката и нејзиното околно земјиште. Неговото истражување е подготвено за објавување, но тој одбива да го објави се’ додека владата на Перу не гарантира дека ќе преземе соодветни мерки за заштита.

Поддржете ја нашата работа: