Река во Русија стана црвена како крв

Реката Далдјакан во близина на сибирскиот град Норилск во Русија стана црвена како крв. Оваа промена на бојата на реката може да се должи на загадувањето од фабриката за никел која се наоѓа во близина, известува „Siberian Times“.

Фабриката, заедно со поголемиот дел од другите фабрики во индустрискиот град Норилск, е во сопственост на рударската и металуршката компанија „Norilsk Nickel“ која засега вели дека не протекува никаков индустриски отпад и дека внимателно ја набљудуваат оваа средина.

Во меѓувреме, локалните жители велат дека ова не е прв пат оваа река да стане црвена и споделуваат слики на социјалните медиуми.

information_items_4534

inside_red_soil

crx6g9pwaaa2fd4

Министерството за природни ресурси и животна средина на Руската федерација вели дека го истражува овој случај.

Поддржете ја нашата работа: