Откриена мистериозна виолетова структура на дното на океанот

Тим на морски биолози кои го истражувале океанското дно во близина на брегот на јужна Калифорнија за да ги проучуваат коралите, откриле една чудна блескаво виолетова форма на живот, која наликува на топче, односно некаква грутка.

Оваа виолетова грутка се’ уште не е идентификувана, што кај научниците предизвикува голема возбуденост поради фактот дека можеби се работи за сосема нов вид на организам, па веќе му смислуваат забавни прекари како на пример „Blobus Purpilis“.

Биолозите шпекулираат дека можеби се работи за морски безрбетници наречени плаштари или туникати, или пак некаков вид на торбичка која содржи ембрион.

Во секој случај, тие успеале да го извлечат овој организам од длабочините што значи дека ќе можат да го анализираат и да дознаеме за што точно се работи. Можеби на научниците ќе им бидат потребни неколку години за да утврдат дали се работи за сосема нов вид на организам, па едноставно ќе мораме да почекаме.

Поддржете ја нашата работа: