Откриена нова жаба што личи на „Кермит“

Новиот вид жаба е откриен од Брајан Кубицки, основач на Истражувачкиот центар за водоземци во Костарика. Природното живеалиште на оваа жаба се дождовните шуми на средна надморска височина во источна Костарика.

Жабата што ја нарекле „Hyalinobatrachium dianae“ (покрај својата неверојатна сличност со познатиот Кермит), се издвојува и по тоа што има толку проѕирна кожа на долниот дел, што можат да и се видат органите.

Причината зошто ова жаба досега не беше откриена, според Кубицки, се должи на фактот што металниот звук што го испушта за врема на парењето повеќе личи на звук од некој инсект.

Оваа жаба како и останатите „Hyalinobatrachium“ жаби, е т.н. „стаклена жаба“, една од над стоте видови кои имаат проѕирна кожа. Централна Америка, воопшто, а особено Костарика, е главното живеалиште на овие суштества. Според генетската анализа, оваа жаба е близок роднина на „H. Chirripoi“.

Кубицки и неговите колеги откриле само шест примероци од оваа жаба, што не е доволно да се процени во колкав обем таа е застапена или дали спаѓа во загрозените видови.
Ова откритие беше објавено во списанието „Zootaxa“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt