Откриена скриена пирамида во внатрешноста на една од најголемите пирамиди на Маите

Археолозите потврдија дека откриле втора скриена пирамда во внатрешноста на една од најпознатите пирамиди во светот – пирамидата Кукулкан во источно Мексико.

Првата скриена пирамида е откриена во 1930 година, а сега е пронајдена уште помала пирамида во внатрешноста на првата пирамида, а ова можеби нема да биде и последната откриена пирамида.

Пирамидата Кукулкан која е изградена помеѓу 9-тиот 12-тиот век го зазема централниот дел од огромниот комплекс Чичен Ица во мексиканската држава Јукатан.

Позната и како „El Castillo“ (што значи замок), оваа колосална пирамида е висока 27 метри и се состои од 364 скалила – по еден за секој ден од годината според календарскиот систем на Маите.

На врвот на пирамидата се наоѓа 6-метри висок храм, посветен на богот Кукулкан.

Во 1931 година, археолозите започнале со истражување на пирамидата, бидејќи се сомневале дека во нејзината внатрешност се наоѓаат остатоци од многу постара верзија.

Во следните пет години тие откриле соба што ја именувале како „соба за понади“, во која се наоѓала огромна Чакмол статуа– со очи, нокти и заби обложени со седеф. Откриле исто така уште една просторија, што ја нарекле „соба за принесување жртви“, која содржела два реда внимателно поставени човечки коски и една статуа од детално изработена статуа на  црвен јагуар, украсена со 74 парчиња жад и со очи исто така од жад.

Истражувачите многу брзо сфатиле дека под и во внатрешноста на пирамидата Кукулкан постои голема и многу постара пирамида, висока приближно 33 метри.

Сега, археолозите го завршиле најновото истражување од таа внатрешна пирамида, со помош на неинвазивна техника на снимање и објавија дека откриле 10 метри висока пирамида, скриена во внарешноста на двете поголеми.

internal-pyr

Во оваа фаза, нејасно е дали е ова истата структура што археолозите ја откриле во 1940-тите, но не можат да ја потврдат, или е нешто сосема друго.

Што е уште почудно, се чини дека е изградена над една вдлабнатина исполнета со вода, позната како саноте, што истражувачите ја детектирале под пирамидата Кукулкан дури минатата година.

Нејасно е дали Маите знаеле за самите сеноти, но фактот дека пирамидата била изградена директно над неа, и дека Кукулкан бил бог на водата (меѓу другите работи), зборува во прилог дека веројатно знаеле.

Според Рене Чавес Сагура од Националниот Автономен Универзитет во Мексико, најмалата пирамида веројатно е изградена помеѓу 550 и 800-тата година, средната структура помеѓу  800 и 1000-та година, додека надворешната е завршена помеѓу 1050 и 1300 година.

Истражувачите сѐ уште не ги објавиле овие наоди, така што овие дати и структурата на пирамидите допрва треба да бидат верификувани од независни тимови, но се надеваат дека истражувањата ќе продолжат и понатаму, за да може да се открие дали има уште пирамиди скриени во внатрешноста.

Поддржете ја нашата работа: