Откриени фосили на џиновска скорпија

Именуван „Pentecopterus”, 467 милиони години стариот фосил им претходи на диносаурусите за неколку стотици милиони години.

Истражувањето, објавено во „BMC Evolutionary Biology“, вели дека скорпијата е долга речиси 2м, дека има тенко тело со серија долги екстремитети и долга глава како штит. Според формата на вилицата, најверојатно се хранела со меки животни, слични на црвите.

Како членконога (eurypterid), оваа скорпија е далечен роднина на неколку современи животни, вклучувајќи ги крлежите, пајаците и јастозите.

„Ова е првиот вистински голем предатор“, вели Џејмс Ламсдел од Јеил, кој е главен автор на истражувањето.

Научниците ги откриле овие извонредно добро сочувани фосили кај метеорски кратер во североисточна Ајова во 2010 година. Последователните истражувања покажале дека овој измурен вид на членконоги живеел околу 10 милиони години порано отколку што научниците мислеле.

 

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.