Змијата не ги користела рацете и нозете за одење, туку најверојатно и помагале да го зграпчи својот плен. Фосилите покажуваат адаптации за копање, а не пливање, што ја зајакнува идејата дека змиите еволуирале на копно.
Пронајдениот фосил е долг 19,5 см. и има прилично мали раце и нозе – 4мм. и 7мм, но научниците сметаат дека тоа не се атрофирани еволутивни остатоци, бидејќи имаат долги тенки прсти со мали канџи на рајот кои змиите најверојатно ги користеле за да го фатат пленот, а можеби дури и за време на парењето.
Токму поради тоа прилично слабо зграпчување, овој нов вид го добил името „Tetrapodophis amplectus“ („Tetrapodophis“ значи змија со четири нозе, а „amplectus“ е латинскиот збор за прегрнува), бидејќи змијата како на некој начин да го прегрнувала својот плен. Истражувањето е објавено во „Science“.