Истражувачите откриле необични минерали во внатрешностa на еден сибирски рудник, кои не наликуваат на ништо што е досега видено во природата.
Она што е фасцинантно е што многу слични материјали научниците создаваат во лабораторија уште од 1980 година, но сѐ досега тие сметаа дека такви структури не постојат во природата.
Материјалите што се создаваат во лабораториски услови се познати како метал-органски формации или МОФ и функционираат како еден вид молекуларни сунѓери кои можат да апсорбираат гасови, како водород и јаглеод диоксид. Со децении научниците се обидуваат да ги подобрат овие формации, без воопшто да се посомневаат дека тие можеби се наоѓаат во природна форма.
Што е уште почудно, минералите за кои станува збор – „stepanovite“ и „zhemchuzhnikovite“, всушност биле откриени пред повеќе од 70 години, помеѓу 1940 и 1960 година, но поради ограничените можности на технологијата во тоа време, не биле соодветно испитани.
Тие биле главно игнорирани, сѐ до 2010 година кога истражувачот Томислав Фришчиќ од Универзитетот МекГил во Канада наишол на стари документи и забележал дека описот на структурата на овие минерали неверојатно наликува на лабораториски создадените МОФ.
Без да ги има оригиналните примероци, Фришчиќ решил да ги реплицира двата сибирски минерали во лабораторија и успеал да докаже дека навистина се слични на МОФ соединенијата направени во лабораторија.
Но, наодите на Фришчиќ и неговиот тим кои беа објавени во „Science Advances“ биле потврдени дури откако двајца руски соработници успеале да ги најдат и да ги анализираат децениски старите примероци.
Како што може да се види подолу, и „stepanovite“ и „zhemchuzhnikovite“ имаат иста организирана структура во облик на саќе, со големи празнини на молекуларно ниво.
Со оглед на тоа дека во иднина МОФ структурите би можеле да помогнат да го апсорбираат вишокот од СО2 за сто години, ова откритие е од извонредно значење.
Сепак, веројатно овие сибирски минерали нема да може да се користат во скоро време. Нивната структура не е сосема соодветна за да може да го заrоби јаглеродниот диоксид, а покрај тоа i тешко се доаѓа до нив бидејќи се наоѓаат на длабочина од 230 метри под пермафростот.
Научниците го сметаат ова откритие повеќе како знак дека во природата постојат повеќе материјали слични на МОФ кои во иднина ќе можат да се користат како апсорбенти на СО2, или од нив да научат како да ги подобрат лабораториските варијанти.
Едно е јасно, како што објаснува Фришчиќ, доколку научниците располагале со технологија во ’40-тите, па дури и во ’60-тите години, со која би ја одредиле нивната структура, „развојот на МОФ, би можел да се забрза за 30 години“.