Откриени скриените придобивки од електричните возила


Истражувањето, објавено во „Scientific Reports“, покажува дека електричните возила емитуваат значително помалку топлина (само 20% од толината што ја емитуваат конвенционалните возила). Оваа разлика би можела да го ублажи ефектот на „топлотен остров“ – феноменот кој ги претвора големите градови како Пекинг во „експрес лонец“.

Покрај тоа, оладувањето, кое ќе биде последица на замената на сите досегашни возила кои се движат на гас со електричните возила, може да значи дека на граѓаните ќе им биде потребно помалку климатизирање на воздухот, што е уште една придобивка за животната средина.

“Кога ќе ги погледнете електричните автомобили, не ја гледате нивната поврзаност со глобалното затоплување. Но кога ќе погледнете со холистички пристап, ќе ја видите големата слика. Топлотните бранови може да не убијат, а кога се работи за климатските промени, дури и еден степен може да направи разлика“, велат истражувачите.

Придобивките од електричните возила за намалувањето на емисиите на стакленички гасови се судруваат со трошоците и загадувањето при производството на истите, што води до дебатата дали тие се најдобрата замена за конвенционалните возила.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt