Откриени стотици древни човечки отпечатоци од стапала во близина на еден африкански вулкан

Истражувачите откриле една античка и многу ретка колекција на отпечатоци од стапала во калиштето околу вулканот „Ol Doinyo Lengai“ во Танзанија. Пронајдени се повеќе од 400 отпечатоци кои се смета дека датираат пред помеѓу 5.800 и 19.100 години.

Знаејќи повеќе за тоа од кое време датираат овие отпечатоци во близина на селото „Engare Sero“ научниците имаат едниствена можност да откријат како овие рани африкански луѓе живееле и патувале.

Некои од трагите укажуваат на тоа дека луѓето се движеле со брзина како за рекреативно трчање, додека пак некои укажуваат на група на жени и деца кои патувале заедно. Едно лице се чини дека имало скршеница на големиот прст.

Научниците се свесни за „Engare Sero“ уште во 2008-тата година, меѓутоа ги објавија своите наоди по години на внимателно истражување за да ги датираат и објаснат овие пронајдоци.

Тие сметаат дека калта што течела надолу од 2.332 метри високиот вулкан „Ol Doinyo Lengai“ го формирала калиштето на „Engare Sero“, и во деновите пред да се исуши, успеала да ги зачува овие древни траги. Но тие не биле отсекогаш видливи – научниците укажуваат на тоа дека местото било покриено со остатоци од вулканот пред 10.000 до 12.000 години.

394d6cbe00000578-3832444-the_huge_collection_of_footprints_was_discovered_on_mudflats_on_-m-2_1476261871073

Првично, научниците сметале дека калта била формирана директно од облак од пепел, со што отпечатоците би датирале од пред 12.000 години. Сега, кога хипотезата е дека пепелта била донесена од вода, значи дека отпечатоците од стапала не се толку стари.

Со идентификување на најмладите кристали закопани во калта со помош на геохронолошки техники, тимот открил дека трагите најверојатно се направени од пред 19.100 години, со маргина на грешка од неколку илјади години.

Сега кога временската рамка е намалена, истражувачите сакаат да продолжат да откриваат повеќе за тоа како овие луѓе живееле и се социјализирале. Се’ уште има уште многу мистерии кои треба да се решат.

„Тоа е едно многу комплицирано место. Има една област каде што има многу отпечатоци што го нарековме „сала за танцување“ бидејќи никогаш немаме видено толку многу отпечатоци на едно место“ – изјавува еден од тимот – Вилијам Харкурт-Смит од Гратскиот универзитет на Њујорк.

Местото е оградено со жица за да се заштитат овие древни траги, но возбудата околу откривањето го претвори во некој вид на туристичка атракција, па секој може да го погледне доколку сака.

Овие наоди се објавени во „Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology“.

Поддржете ја нашата работа: