Отстранување камен во бубрег во забавен парк

Во обид да добијат потврда на нешто што личи на урбана легенда, истражувачите успеале да докажат дека возењето на ролер костер може да помогне да се исфрлат камчиња од бубрег.

Професорот Дејвид Вартингер од Одделот за остеопатска хирургија во државата Мичиген во САД, направил повеќе истражувања, поттикнат од приказните што ги слушал од пациенти.

Според кажувањата на пациентите, после возење со еден одреден ролер костер во „Walt Disney World“, успеале да исфрлат камче од бубрег, а еден пациент тврдел дека исфрлил три различни камчиња откако повеќепати се возел на ролер костерот.

Од љубопитство дали во ова има вистина, Вартингер решил сам да направи тестирање. Во ранец ставил синтетички 3Д бубрег, со три камчиња во него и го пуштил на ролер костерот 20 пати.

Тестирањето покажало дека овие приказни имаат основа и дека возењето со ролер костер може да исфрли камења од бубрег, но притоа мора да бидат запазени одредени работи. Ако се седи во последните редови, процентот на исфрлање е 64 отсто, додека во предните само 16 отсто.

Второ, ваквото чудесно лекување делувало само на еден одреден ролер костер (Big Thunder Mountain), бидејќи останатите биле премногу брзи. Според Вартингер, идеалното возење со ролер костер би требало да биде брзо и грубо, со неколку завои и свртувања, но без превртувања наопаку за 360 степени.

Извор: „Engadget“.

Поддржете ја нашата работа: