Оваа 15 – годишна девојка е решена да биде првиот човек на Марс

Повеќето 15- годишници не размислуваат за посета на други планети, но Алиса Карсон речиси целиот свој живот планирала да биде еден од првите луѓе кои ќе стапнат на Марс.

Судејќи според тоа колку таа е посветена на оваа цел, можеби и има шанса.

Алиса веќе стана првиот човек кој присуствувал на сите вселенски кампови на НАСА во светот, и е најмладата личност која некогаш го завршила напредниот курс на Вселенската академија.

„Прв пат се заинтересирав да одам на Марс кога имав само 3 години. Јас правам се´ што секое друго нормално дете прави, освен тоа што тренирам да станам астронаут и да одам на Марс“- вели Алиса.

Неодамна таа стана и најмладата личност која некогаш е прифатена во проектот „PoSSUM“ – непрофитна програма за истражување на горните слоеви на атмосферата и сертификација на идните астронаути за лет во вселената.

Тоа е веќе импресивен список на достигнувања досега.

„Таа го има вистинскиот став и прави се што е физички можно овде на Земјата за да се подготви за тоа патување на Марс“ – вели Пол Фоерман, офицер за односи со јавноста на вселенската станица на НАСА.

Следно за Алиса е обука при недостаток на кислород и напреднато нуркање. Потоа, таа планира да студира наука на Универзитетот во Кембриџ, да магистрира во областа за вселенски инженеринг на Меѓународниот универзитет за вселена во Франција, а потоа да се упати на Институтот за технологија во Масачусетс за астробиологија. Значи, ја чека долг пат и напорна работа.

Во најмала рака, барем возраста на Алиса е во нејзина корист – НАСА планира да започне со мисии на Марс од 2030-тата година, кога таа ќе има 29 години – само неколку години помалку од просекот.

Нејзиниот татко Берт Карсон кој отсекогаш ја поддржувал, се’ уште е емоционален при помислата дека можеби ќе треба да се збогува со својата ќерка засекогаш.

Дури и доколку првата посета на Марс е патување само во еден правец, како што некои шпекулираат, Алиса не се откажува.

„Иако постои голем ризик, верувам дека наградата е многу поголема. На крајот на денот има толку многу добри работи кои може да произлезат од оваа мисија“ – вели таа.

Погледнете го видеото подолу.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.