Пајаци што јадат риби

Според податоците од една  нова студија, пајаците во 8 од 109 пајаковидни фамилии во светот, можат да уловат и да изедат мала риба. Некои од нив можат да совладаат риба дури пет пати потешка од нив.

Овие пајаци ги има секаде низ светот, освен на Антарктикот.

Најмалку 18 видови се забележани како ловат риби, меѓу кои „Dolomedes triton“ (six-spotted fishing spiders) во Соединетите Американски Држави, „Pardosa pseudoannulata “ (pond wolfspiders ) во Индија и „Dolomedes plantarius“ (great raft spiders) во Белика Британија.

Како го прават тоа

“Пајаците што јадат риби”  живеат во слатките  и топли води ,сиромашни со кислород  како што се барите и  мочуриштата. Тука својот плен за храна го ловат „од нога”, наместо да ја користат својата мрежа. Некои од нив можат да пливаат, да ронат или да одат по површината на водата.

Со задните нозе, овие пајаци се закотвуваат на камен или некое растение, додека предните нозе им се положени на површината на водата. И најмалото движење на водата или допир на нивните нозе ги поттикнува овие пајаци на напад. Во основа овие пајаци што јадат риба се грабливци и затоа напаѓаат скоро се што се движи. Најчесто нивна храна се инсектите што паѓаат во водата, но од време на време намерно напаѓаат поголеми животни како што се рибите.

Со својата уста ги боцкаат рибите  при тоа вбризгувајќи  многу моќен неуротоксин, хемикалија која го напаѓа нервниот систем на пленот. Кога рибата е мртва, пајакот ја одвлекува на сува површина каде што испушта хемикалија која го растопува телесното ткиво и така го прави лесно за јадење.

Неверојатно големи достигнувања

Во животинскиот свет, просечниот грабливец е 42 пати поголем од  пленот што се обидува да го совлада. Некои од овие пајаци што јадат риба се всушност помали од својот плен. Научниците шпекулираат дека на пример, џиновскиот пајак со тежина од 7 грама е способен да улови риба со тежина од 30 грама.

Вака обилен извор на храна може да биде исклучително важен кај женките во процесот на создавање на јајца или за пајаците кои не можат да дојдат до доволно инсекти за храна.

Едно нешто сепак е сигурно; ова е уште една лоша вест за рибите.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt