Пари или време, што ќе ве направи посреќни?

Иако парите, поточно недостатокот на пари се наведува како еден од најголемите причини за стрес, едно ново истражување покажува дека луѓето што повеќе го ценат времето од парите се генерално посреќни во споредба од тие што предност им даваат на парите.

Овие наоди укажуваат дека не е важно што од овие две работи човек има повеќе, туку кон што од ове две работи човекот е ментално повеќе наклонет, со тоа што, поголема е веројатноста луѓето кои го ценат повеќе своето време од своите пари да бидат посреќни, независно колкава количина на пари поседуваат.

За потребите на истражувањето, истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, им поставиле едноставно прашање на 4.400 лица – што би сакале да имаат повеќе, пари или време? Учесниците исто така добиле и прашалник направен со цел да се измери нивото на нивната среќа.

Истражувањето покажало дека повеќето луѓе, односно 64 проценти од испитаниците, повеќе сакале пари, но тие што повеќе го вреднувале времето биле посреќни. Ова укажува на тоа дека не се работи за тоа што имаат луѓето, туку за она што го сакаат, па оттука го сметат и за поважно.

Како што пишува „Vox“ , интересно е што истражувачите откриле дека постојат разлики помеѓу луѓето кои избрале пари и луѓето што го ценеле повеќе времето.

Луѓето кои го ставиле времето пред парите, во просек биле повозрасни, што укажува дека веројатно со годините повеќе го цениме времето отколку парите. Повозрасните исто така работеле повеќе и имале повеќе пари, што може да биде објаснување зошто повеќе го ценеле времето од парите. Исто така биле и родители, што укажува на тоа дека децата можат да  го сменат нашиот однос кон прашањето време-пари.

shutterstock_386261683.0Овие наоди ги поддржуваат наодите од една слична студија што беше направена претходно оваа година.

„Истражувачите од Универзитетот во Британска Колумбија во Канада направиле истражување со кое биле опфатени 4.600 лица, а наодите покажале речиси подеднаков број лица кои сакале повеќе време или богатството, но постарите лица приоритет му давале на времето. Истражувачите и во ова истражување исто така откриле дека лицата кои предност му давале на времето генерално биле посреќни“.

Сепак, има една забелешка што треба да се нагласи. Во истражувањето не се наведува дали учесниците во истражувањето живееле под линијата на сиримаштијата.

Логично е дека човек што се бори да ги задоволи основните животни потреби – храна, вода и дом за живеење, финансиската сигурност ќе го направи значително многу посреќен отколку малку повеќе слободно време.

Истражувањето сугерира дека ако сакате да бидете посреќни, а заработувате доволно пари за да ги обезбедите есенцијалните потреби, би требало да почнете повеќе да го цените времето, бидејќи таквите луѓе се посреќни.

Истражувањето е објавено во списанието „Social Psychological and Personality Science“.

Поддржете ја нашата работа: