Пингвините не го чувствуваат вкусот на храната

Кутрите пингвини. Тие засекогаш ја имаат изгубено способноста да осетат слатки, горчливи или „умами“ вкусови. Изгледа дека единствено го чувствуваат солениот и киселиот вкус.

„Колку што знаеме, пингвините се единствените птици кои изгубиле три од петте основни вкусови“, вели Џиаџи Џорџ Жен од Универзитетот во Мичиген во Ен Арбор, кој го предводел истражувањето, објавено во „Current Biology“.

Истражувачите го откриле ова кога ја испитувале ДНК-та на пингвините, конкретно кога ги побарале вообичаените гени одговорни за овие 5 вида на вкус. Тие сметаат дека причината е губењето на генот кој го создава протеинот „Trpm5“, кој е од клучно значење за препознавањето на трите вкусови кои пингвините ги загубиле, но не и за останатите два.

Претходни истражување покажале дека „Trpm5“ не функционира при ниски температури, па истражувачите сметаат дека студените температури на Антарктикот се причината поради која  гените одговорни за тие вкусови дегенерирале и исчезнале.

Друга претпоставка е дека тие гени станале непотребни бидејќи пингвините обично целосно го проголтуваат својот плен. Но, зошто тогаш опстанал вкусот за солено и кисело? Женк смета дека вкусот за кисело останал за пингвините да не јадат расипана храна, а вкусот за солено за да можат да го следат количеството на сол што го внесуваат.

Жен претходно покажал дека пандата нема „умами“ вкус, најверојатно го изгубила кога преминала од месо на бамбус. Птиците и мачките го загубиле вкусот за слатко, а најограничени во поглед на вкусот се делфините и китови кои чувствуваат само солено. Досега не е откриено животно кое не чувствува никаов вкус.

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt