Плацебото е ефективно, дури и кога знаете дека е плацебо

Истражувачите откриле дека луѓето можат да веруваат дека плацебото дејствува, дури и кога ќе им се каже дека не е вистински лек.

Оваа студија, објавена во „The Journal of Pain“, е спроведена од страна на тим од Универзитетот во Колорадо Болдер (UCB). Притоа, бил применет Керамички греач на лактите на учесниците, доволно жежок за да предизвика болка, но не премногу за да предизвика изгореници.

Водечкиот истражувач, Скот Шефер, потоа им аплицирал нешто за кое мислеле дека е аналгетик гел, што се користи за ублажување на болката, пред повторна примена на грејачот на кожата. Во реалноста, сепак, гелот не бил ништо повеќе од вазелин со сина боја за храна, а Шефер едноставно ја намалил топлината. Во контролната група е користен регуларен вазелин, без боја.

Кога Шефер ја подесил топлината на „средна“, учесниците со син вазелин пријавиле помалку болка, за разлика од контролната група. По една сесија, на дел од учесниците им е кажано дека се работи за плацебо.

Сепак, синиот гел се’ уште бил ефективен при повторување на сесиите.

“Се’ уште имаме многу за учење на критичните компоненти на плацебо ефектите”, се вели во соопштението.

Посебно е интересно верувањето во моќта на третманот и реакциите, кои се во согласност со овие верувања. Мозокот одговара на плацебо третманот како да е вистински, дури и откако вие не верувате.

Наодите се корисни за лекување на зависност од лекови, на пример кај пациенти со хронични болки кои земаат јаки и потенцијално зависни лекови.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.