Но, погодете што: изненадувачка нова студија покажува дека тоа може да биде погрешен начин за избирање на подарок. Давањето подарок кој ги одразува вашите сопствени интереси може да се придонесе примачот да се чувствува емоционално поблиску до вас.
„Бевме малку изненадени од нашите наоди”- вели д-р Лорен Хуман, асистент професор по психологија на Универзитетот Мекгил во Монтреал и ко-автор на студијата. Интуицијата дека кога ќе бараме подарок за некој, треба да размислуваме за тоа што им се допаѓа (а не тоа што го сакаме), е многу силна. Сепак, често има погрешни проценки за тоа што е корисно за нас и за другите.
Во студијата, Хуман и нејзината колешка д-р Лара Aкнин, доцент по социјална психологија на Универзитетот Симон Фрејзер во Бурнаби, спровеле шест експерименти со околу 1.500 мажи и жени.
Во еден експеримент, на учесниците им било кажано да изберат картичка за Денот на мајките. Некои беа замолени да изберат картичка која го открива вашето вистинско себе, а на другите картичка која го открива вашето знаење за примачот. Потоа сите учесници пополниле прашалници во насока на откривање на нивните емоции.
Учесниците со картичка која ги рефлектира нивните сопствени интереси изјавиле дека се почувствувале поблиску до нивните мајки веднаш после избирањето на картичката отколку учесниците со картичка која ги рефлектира интересите на нивната мајка.
Во друг експеримент, од учесниците било побарано да купат песна на “iTunes“ како подарок за пријател, член на семејството, или романтичен партнер со истата поделба како претходната. Се испостави дека примачите кои добиле песна која ги рефлектира интересите на давателот почувствувале повисок степен на блискост со давателот веднаш по добивањето на дарот од оние кои добиле песна која е одраз на нивните сопствени интереси.
Се чини дека луѓето ги потценуваат предностите на давање на подарок кој ги одразува нивните емоции и интереси. Да се даде дар кој е одраз на вашите сопствени интереси може да промовира блискост, бидејќи може да послужи како еден чин на само-откривање, себе-споделување со друго лице. Овој тип на дело може да биде многу корисно за продлабочување на односите.